Министерот за одбрана Фатмир Бесими повторно изјави немало прекршување на процедурите при неговото поклонување пред споменикот во Слупчане и дека униформираните лица во неговата придружба во селото биле по негова наредба и поради тоа не била прекршена никаква процедура.
„Клучот на сé е дека ние треба меѓу нас да се почитуваме и да сфатиме дека живееме во иста куќа и имаме заедничка иднина. Тоа е клучот. Ако така постапуваме, мислам дека има решенија за сé. Македонија заслужува да биде дел од евроатлантските структури, евроатлантската заедница, како што го дава својот придонес, а тоа можеме доколку ние меѓу нас ги надминуваме разликите, треба заеднички да работиме и да гледаме како идните генерации да имаат посветла иднина и тоа ние можеме да го постигнеме ако се обидеме да се разбереме меѓу себе“, рече Бесими.
Министерот за одбрана тврди дека имало слични реакции и минатата година кога се поклони пред споменикот на Бранителите во дворот на Министерството. Тој вели дека тоа се работи кои се чувствителни.