Уметници од Македонија и Србија на ликовна колонија во Гевгелија

Од:

Ликовни уметници од Македонија и од Србија во Гевгелија учествуваат во работата на традиционалната ликовна колонија „Аполонија 2014“ која годинава по 13-ти пат се одржува во организација на фондацијата „Аполонија“, а под покровителство на општина Гевгелија.

– Ликовната колонија предвидено е да работи до 26 јуни. Осумте ликовни уметници од Македонија и Србија до тогаш ќе изработат по неколку дела на теми по сопствен избор. Сите се сместени и работат во просториите на хотелот „Аполонија“ во центарот на Гевгелија каде очекуваме да изработат дваесетина дела во разни сликарски техники и со различни мотиви, рече Аце Ристовски, директор на фондацијата „Аполонија“.

Тој посочи дека сите изработени слики од годинашнава сесија ќе бидат презентирани за јавноста на изложба по што ќе станат дел од богатиот фонд на гевгелиската ликовна колонија. 

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска