Одбојкарите против Турција бркаат полуфинале во Европската лига

Од:

Одбојкарската репрезентација на Македонија вечер во 19 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје го игра петтиот натпревар од Европската лига. Покрај денешниот меч двете селекции ќе одиграат уште еден натпревар во недела (15 часот). Избраниците на селекторот Жарко Ристоски со евентуален триумф ќе бидат на чекор до пласман во полуфиналето откако претходно победија на четирите натпревари (по две победи над Австрија и Данска).

Македонија на денешниот натпревар ќе настапи без Филип Деспотовски, кои од семејни причини нема да биде на располагање на селекторот Ристоски.

Оваа низа од четири победи е најдолгата на одбојкарската репрезентација и не гледам причина зошто и да не продолжи во текот на викендов во дуелите со Турција. Турската селекција ни е објективно конкурент во борба за второто место во групата покрај фавотитот Словенија за пласман полуфиналето – истакна капитенот Никола Ѓорѓиев.

По вчерашната победа од 3:0 на Словенија над Австрија лидер на табелата во групата Б е токму Словенија со 12 бода. Македонија е втора со 11 и двете селекции имаат одиграно по 4 натпревари. Турција е трета со 3 бода од два  натпревара, а потоа следи Австрија со 3 бода од 6 натпревари. Данска е последна со 1 бод од четири дуели.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ