Снобовското друштво и депресијата

Од:

Читам дека францускиот претседател социјалист Франсоа Оланд, за премиер избрал човек кој заговара цврста неолиберална доктрина.

Потоа читам дека британскиот премиер конзервативец Дејвид Камерон, заговара широки права на геј двијките и поддржува хард кор феминистички тези.

Па, за Велигден го слушам поглаварот на мојата Црква, папата Франциско, како за доктрината говори негативно споредувајќи ја со каменот од гробот на Исус и задгробниот живот.

Снобизмот е хедонизам

Социјалистите се неолиберализираат, конзервативците се геј-изираат, католиците се протестантизираат, протестантите се католицизираат, хетеросексуалците се повеќе не сакаат да склучуваат бракови и семејства, на хомосексуалците бракот и семејството им станува глобална агенда, жените се повеќе маскулизираат, мажите се повеќе се феминизираат…

Никогаш во историјата немало толку приказни, од универзитетските катедри до политиката, за култот (почитувањето) на различностите, а различностите се се помалку, сите едни со други се пикаат во својот простор од разни причини и мотиви, при што се станува заменливо со секого.

Оваа појава во културата различни теоретичари различно ја нарекуваат, од ново едноумие до ликвиден модернитет со флексибилност како основна линија, од економијата до идентитетот. Различни зборови и синтагми, повторно за истото.

Одам и јас малку да си поиграм со своето его. Ми паѓа на ум личност на сноб. Сноб е лице кое е незадоволно со она што не е. Неговото проклетство е во тоа што не сака да се дружи со тие кои сакаат да се дружат со него, а тие со кои тој би сакал да се дружи, не сакаат да се дружат со него.

Тој е нешто како патник кој на долг пат би сакал да патува цело време стоејќи во прва класа отколку да седи во втора. Впрочем, во глобализациски услови и со се поефтини авионски карти, снобот не патува по светот за да види нешто, да запознае, туку да се врати дома и да произведе завист кај соседите и пријателите покажувајќи им фотографии за лајкање.

Бидејќи снобизмот е еден вид на хедонизам, кој се состои во тоа од високо да се гледа на пониските, а светот е толку добро скроен што сите некого го гледаат така. Кога ќе прозбори, снобот лесно може да се препознае бидејќи зборува како да ги родил своите претци.

Затоа, во многуте дефиниции на ова општество и култура во кое во име на различностите се стана исто и заменливо, можеби може да се нарече снобовско општество, бидејќи повторувам, првата карактеристика на снобот е дека е незадоволен од она што не е. Се друго е последица на тоа.

Извира депресија

Во Хрватска не чека еден фестивал на снобовско општество, претседателските избори. Веќе сега партиите на двајцата најсериозни кандидати, се незадоволни од она што не се, смислуваат планови, како Оланд и Камерон, како да зграбат во идентитетот на другата страна.

Снобовските анкети јасно покажуваат колку Колинда ќе земе гласачи на СДП, а Јосиповиќ на ХДЗ. Во оваа глобална снобовска фарса, велат лекарите, извира депресијата. Не е ни чудно, бидејќи кога во самотија на сопствената душа за момент сфатите дека сте заскитале во туѓ двор, кој не е ништо подобар од вашиот, горко е сознанието дека сте слабак кој има само еден проблем: не можете да ја издржите својата различност.

На крајот на баладата, единствената вистинска различност е многу банална. Кога се цените самите себеси.

Глас Славоније – Осијек

Би можело да ве интересира

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб