Отпис на долговите за социјално ранливите категории прва мерка на новата Влада

Од:

Предлог-законот за отпис на долговите за социјално ранливите категории е првата мерка што Владта на Република Македонија ја донесе на седницата одржана еден ден по нејзиниот избор. Како што истакна на денешната прес-конференција премиерот Никола Груевски со тоа се исполнува ветувањето дадено на изборите.

– Република Македонија  како социјална држава која согласно Уставот се грижи за социјалната заштита на граѓаните има право и обврска да им помогне на најранливите категории граѓани. Оваа  мерка се носи еднократно и нема да се повтори, а причина за нејзината реализација е одговор на државата кон последиците на светската и европската економска криза, рече Груевски.

Со законот ќе бидат опфатени корисниците на социјалната парична помош и на постојана парична помош, лица кои бараат работа повеќе од 12 месеци и лица изложени на социјален ризик поради смрт на брачен другар или инвалидност.

Предмет на отпис се долгови за искористена електрична односно топлинска енергија, долг по основ на радиодифузна такса, по основ на кредитни картички и пречекорување на трансакциски сметки и потрошувачки кредити класифицирани во категоријата Г и Д за кои не се обезбедени со движен и недвижен имот кон деловните банки. Дополнително предмет на отпис се и трошоците за нотари и извршители поврзани со наплата на долгот кој е предмет на отпис настанат до денот на отписот.

Отписот е на доброволна основа од страна на доверителите кои ќе склучат договор со граѓаните должници. Предвидена е и постапка со која ќе се спроведе оваа законска мерка. Инаку, по донесување на законот Министерството за финансии ќе објави јавен повик до доверителите за склучување на договори за еднократен отпис на долговите.

– Владата ќе ги вложи сите свои капацитети за успех на проектот, а тој во голема мера зависи и од доверителите. Затоа ги повикувам ЕВН, потоа Топлификација односно соодветниот субјект кој  ја презеде оваа работа, банките, штедилниците, МРТ, нотарите и извршителите да се вклучат во проектот и да покажат дека не само профитот, туку и општествената одговорност е нивниот приоритет. За реализација на проектот ќе биде потребно и време, но и институциите со целиот свој капацитет ќе работат на него и ќе го реализираат, апелираше премиерот Груевски.

Се очекува на повикот за отпис на долгови да се јават меѓу 50 и 100 илјади граѓани.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски