Одбојкарите на Македонија против Турција атакуваат на полуфинале во Европската лига

Од:

Одбојкарската репрезентација на Македонија утре и задутре против Турција ќе атакува на победи и со тоа да избори пласман во полуфиналето од Европската лига. Во пресрет на дуелите беше одржана и прес конференција.

-Наша основна цел ќе биде да ги нападнеме со добар сервис, да ги оневозможиме да ја имаат таа „прва топка“ и да имаме добар блок. Тоа ќе биде важен фактор да се избори победа. Турција има шанси за пласман на првите две позиции во групата. За нив имаме најмалку информации од групата бидејќи имаат одиграно досега два меча, изјави селекторот на Македонија, Жарко Ристоски.

Поради семејни обврски селекторот Ристоски нема да може да смета на Филип Деспотовски, а неговото отсуство ќе треба да го надополни Ѓорѓи Ѓоргиев.

Македонија е прва во групата со 11 бодови од 4 натпревари, Словенија има 9 бодови (3 натпревари), додека Турција има 3 од два дуела. Австрија е трета со 3 бодови (5), а последна е Данска 1 бод (4).

Натпреварите Македонија – Турција се играат во СЦ „Борис Трајковски“ во сабота од 19 часот и во недела со почеток во 15 часот.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ