Распарчено тело на маж, на возраст околу 30 години, е пронајдено на покривот на еден автомобил на улицата „Мортлејк“ во Лондон.
Според првичните наоди од истрагата, се претпоставува дека се работи за слеп патник кој испаднал од авионот кога пилотот ги отворил тркалата и се подготвувал за слетување на аеродромот „Хитроу“.
„Dejli Mejl“ пишува дека станува збор за човек кој потекнува од Северна Африка, а со оглед дека неговото тело е премногу распарчено, се претпоставува дека паднал од голема височина.
Причината за смртта ќе се истражува дополнително, но според првичните сознанија тој починал од студ уште пред да падне од авионот, бидејќи температурата во делот каде што се тркалата на авионот е околу 40 степени под нулата.