Најмалку седум филипински војници убиени во судири со муслиманските радикали

Од:

 Најмалку седум припадници на филипинската армија загинаa, а 13 се ранети во судири со припадниците на муслиманските радикали од групата Абу Сајаф, на југот на филипинскиот архипелаг.

Судирите со припадниците на групата Абу Сајаф, поврзана со Aл Каеда, според филипинската армија започнале во четвртокот, а медиумите во Манила претпоставуваат дека филипинската армија ќе побара помош и од американските маринци што се наоѓаат во близина на островот Сулу.

Припадниците на групата Абу Сајаф, познати и како екстремно крило на таканаречениот МОРО исламски фронт, до потпишувањето на примирјето меѓу МОРО и властите во Манила, на почетокот на оваа година,  најчесто ги подготвуваа операциите за киднапирање на богати филипинци и странци. Од кога, во април, фронтот МОРО го положи оружјето зачестија нивните судири со филипинската армија и полиција.

Би можело да ве интересира

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати