Комисијата за труд и социјална политика, на којашто единствена точка на дневен ред е предлог законот за посебните права на бранителите и нивните семејства е одложена.
Пратеникот на ДУИ Талат Џафери кој денеска требаше да го продолжи своето излагање , кој иако во двата изминати дена зборуваше вкупно девет часа, не можел да дојде поради партиски активности. Отсуството на Џафери го оправда неговиот колега од ДУИ Арбен Лабуништа.
Матичната комисија за законот за правата за бранителите е одложена за 14 часот.
На барање на ДУИ одложена е и седницата на Советот на собранискиот канал, на кој требаше да се разгледува состојбата со емитување на ТВ-сигналот на Собранискиот канал.