Во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер ќе биде отворена изложба на уметницата од Скопје Ана Ивановска, на која ќе претстави инсталација од сунѓер.
Изложбата е насловена „Ајде да летаме со магичното килимче“ и е прво претставување на Ивановска пред прилепската публика. Организатор е Центарот за култура во Прилеп.
Ивановска е член на Друштрвото на ликовните уметници на Македонија и е меѓу основачите на уметничката група и уметничкиот простор Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т во Скопје. Имала повеќе самостојни изложби во земјава, а изложувала и во странство.