Четкар ќе настапи на Блу ноут џез-фестивал во Њујорк

Од:

Македонскиот џез-музичар Владимир Четкар денеска ќе учествува на Блу ноут џез-фестивал (Blue Note Jazz Festival) во Њујорк, на кој  носечко име е Арета Френклин, меѓу најпознатите женски вокали на сите времиња.

На престижниот фестивал ќе учествуваат џез, соул и поп-ѕвезди како Боби Мекферин, Мајкл Болтон, Хозе Џејмс, Данило Перез, Џо Ловано, Мишел Камило, Џон Патитучи…

Фестивалот се одржува на повеќе локации низ Менхетен и ќе трае до крајот на јуни. Четкар ќе се претстави во септет на сцената на Блу ноут џез клубот, веднаш по концертот на триото на џез-великаните Данило Перез, Џон Патитучи и Брајан Блејд.

Ќе биде придружуван од музичарите Арон Хенри, Коди Роулендс, Кори Волис, Милан Милановиќ, Мото Фукушима и Џефри Фахардо. Тоа ќе биде втор настап на Четкар на овај фестивал и негов шести настап во Блу ноут.

Би можело да ве интересира

Започнува 6.издание на Џез фактори фестивалот во Битола

Ана Ололовска

Светски познатиот пијанист Дејан Илијиќ и стипендист на Беркли настапува вечерва на „Крај Вардарот Џез“

Ана Ололовска

Почнува фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Џез фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Во недела започнува Фестивалот на џез, ворлд и современа музика во Велес

Горан Наумовски

Концерт на Младинскиот оркестар при ЦК „Трајко Прокопиев“ во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска