Украинската криза претставува нов макроекономски ризичен фактор за еврозоната, изјави генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард.
– Кризата во Украина стана нов ризичен фактор со кој се соочуваме, истакна Лагард по седницата на Еврогрупата во Луксембург.
Таа изрази надеж за скоро стабилизирање на состојбата во Украина, за која ММФ издвои 17 милијарди евра помош.