Завршна вежба во рамки на Летниот кампус 2014

Од:

На армискиот полигон „Криволак“ денеска, во рамки на „Денот за високи гости“, ќе биде изведена завршната вежба од меѓународниот проект „Летен кампус 2014“.

Гостите ќе имаат можност да се запознаат со активностите кои беа дел од едукативниот процес на летниот кампус – разговори со клучни лидери, патролирање со оклопни возила, реакција на биолошко-хемиско-нуклеарна закана, процедури поврзани со импровизираните експлозивни направи, како и медиа-тренинг, основно ниво.

Петтиот „Летен кампус 2014“ се одржуваше од 10-ти овој месец до денеска во Центарот за обука „Пепелиште“ и армискиот полигон „Криволак“. Вклучува 170 учесници – питомци од Босна и Херцеговина, Бугарија, Обединетото Кралство, Република Косово, Соединетите Американски држави, Турција, Црна Гора и Република Македонија како домаќин, и студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, „Европскиот универзитет“, „Факултетот за безбедност“ од Скопје, „Меѓународниот славјански универзитет“ и „Бизнис академијата Смилевски“.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација