Чешка го поддржува Јункер за шеф на Европската комисија

Од:

Чешка сака брз договор за нов шеф на Европската комисија и е подготвена да го поддржи кандидатот на Европската народна партија (ЕНП) и поранешен премиер на Луксембург, Жан-Клод Јункер.

Ова денеска во телефонски разговор со актуелниот претседател на Европскиот совет (ЕС), Херман Ван Ромпуј го истакнал чешкиот премиер Бохуслав Соботка. Според Соботка, Чешка е подготвена на претстојното заседание на Европскиот совет на крајот на следната недела да се договори за конкретното име на шефот на ЕК.

– Чешката Чешка го поддржува Жан-Клод Јункер за шеф на Европската комисија Влада ги почитува резултатите од изборите во мај, за претставници во Европскиот парламент и е подготвена во принцип да го поддржи кандидатот на победничката ЕНП, Жан-Клод Јункер, со акцент на тоа дека премиерот Соботка со него лично сака да разговара за приоритетите на новата Европска комисија, се наведува во соопштението на Владата на Чешка.

Во разговорот со Ромпуј, чешкиот премиер исто така подвлекол дека Чешка како важни приоритети на идната Европска комисија ја смета стабилизацијата на европската економија, одржувањето на конкурентноста и поддршка на економскиот раст и енергетската безбедност.

Идниот претседател на ЕК го избира Европарламентот со повеќе од половично мнозинство, по предлог на премиерите и претседателите на земјите на ЕУ. Изборот на Јункер за нов претседател можно е да не оди лесно поради несогласувањето од страна на Лондон, кој смета дека тој од британска перспектива не одговара за потребните измени на функционирањето на Унијата.

Соботка и останатите европски социјалдемократи пред евроизборите го поддржуваа германскиот социјалист Мартин Шулц за иден шеф на Комисијата, но на изборите социјалистите беа втори по освоена поддршка.

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Ана Ололовска

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, ЕК ја избриша изјавата

Ана Ололовска