Лекарите бараат итни мерки за нивна безбедност додека се на работа

Од:

Лекарската комора на Македонија (ЛКМ) бара промена во Законот за здравствена заштите каде лекарите треба да добијат статус на службени лица заради нивна поголема лична безбедност поради зголемениот број физички напади врз лекарите од страна на блиски на пациенти додека пружаат лекарска помош.

Претседателот на ЛКМ Кочо Чакалароски на денешната прес-конференција рече дека е несфатливо зошто еден разумен човек би го нападнал докторот од кој што очекува помош.

– Како тоа лице ќе даде мамсимум околу третманот на неговиот близок, ако вие го напаѓате физички или вербално и го оневозможувате во неговото работења, истакна Чакалароски.

Тој нагласи дека ваков проблем има и во регионот и посочи на пример од пред три месеци кога беше убиен хирург од Краљево во Србија, но и случаи со напади врз лекари и во земји како Велика Британија.

Потпретседателката на Лекарската комора, Ленче Нелоска побара темелен пристап кон информираноста на пациентите и роднините, и да се дозволи на лекарите да си ја вршат својата работа.

– Преку интернетот или други средства за информирање пациентите доаѓаат често информирани во некој дел, кој што е интересен за нив, меѓутоа не за остатокот за медицината. Доаѓаат со желби и со идеи како тоа треба да се постапи, што не секогаш е точно. За моментот на одлучување треба да се остави на докторот каде тој си постапува по медицинската доктрина. Тоа значи по итноста, по ургентноста, и оној што не е избран прв да биде третиран треба да го почитува тоа, посочи Нелоска.

Според дел од докторите, проблемот со незадоволството и агресијата на пациентите делумно е последица од новите реформи кои се спроведоа во последните две години. Тие појаснуваат дека во минатото пациентите можеа дирекно да отидат на терцијално ниво за каква било болест, а сега тоа им се скратува при што поголемиот терет е врз матичните лекари и на секундарните болници.

Докторите се загрижени и за, како што рекоа, формираните групи на социјалните мрежи каде, велат, насилството врз лекарите добива се поголема поддршка од граѓаните.

Би можело да ве интересира

Вработените во јавното здравство добиваат повисоки плати

Катерина Ѓуровски

Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство

„Стоп за лоши навики“ – ЗЛС најавува нов проект за подигнување на свеста за здрав животен стил

Лекарска комора објави листа на доктори со важечка лиценца за работа

Таравари: До крајот на годинава ќе се вработат 300 приватни специјализанти

Бојчевски: Приоритет на новата влада да бидат здравствените работници кои повеќе од пет години се без здравствено и пензиско осигурување