ВИДЕО: Изборот на нова Влада започна со еден час доцнење

Од:

Со речиси еден час задоцнување, започна 5- тата седница на Собранието каде треба да се избира новата Влада. Народните избраници со 69 гласа „за“ и ниту еден глас против и воздржан го изгласаа дневниот ред на седницата, без присуство на пратениците од опозицијата.

На седницата присуствуваше лидерот на ДУИ, Али Ахмети,  a како што информираше преседателот на Собранието Трајко Вељановски, лидерот на опозициската ДПА Мендух Тачи го навреме го најавил своето отсуство, со оправдување дека бидејќи бил спречен да присуствува.

Во собраниската галерија седеа и голем број амбасадори кои го проследија обраќањето на Груевски.

Мандатарот Никола Груевски презентирајќи го експозето им го честиташе изборот на пратениците кои се присутни на седницата, но и до членовите на новиот собраниски состав кои одлучиле да го бојкотираат Собранието, а пред два месеци ги молеле граѓаните да ги гласаат.

– Граѓаните ја даваат довербата, тие знаат да препознаат кој може нивните очекивања да ги оствари. Работевме и ќе работиме многу. Имавме и грешки во работата, но немавме стратешки грешки. Нашата намера секогаш беше да направиме добро. Се покажа дека програмата е главна водилка во работата на Владата, изјави Груевски.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+