Во скопското село Студеничани вчера околу 18:30 часот непознат сторител од патничко возило со автоматско оружје пукал кон куќата на Д.М.(62), при што дел од проектилите завршиле во внатрешноста на куќата, додека повредени лица нема.
Извршен е увид на местото на настанот и се подигнати чаури за вештачење.
Во разговорот оштетениот посочил неколку лица како можни сторители.
Се преземаат мерки за откривање на сторителите и целосно расчистување на случајот.