Во Грција приведени 112 имигранти

Од:

 Грчките власти денеска уапсија најмалку 112 имигранти, кои со мали бротчиња патувале кон островите Лезбос и Родос.

Припадниците на крајбрежната стража спасиле 32 лица од пловниот објект, кој потонал североисточно од Лезбос. Југоисточно од овој остров спасени се уште 28 имигранти.

Истовремено, до островот Родос со јахта пристигнала група од 52 имигранта.

Тие се откриени во пристаништето Мандраки, а полицијата привела и двајца криумчари кои тврдат дека се државјани на Турција.

Ниту еден од имигрантите немал документи.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит