АМСМ: Внимателно возење поради влажноста на коловозите

Од:

Внимателно возење со прилагодена брзина и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, препорачува АМСМ поради влажните коловози.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Сообраќајот на сите останати патишта во Македонија попладнево се одвива без забрани.

На патниот правец Кичево – Охрид во близина на Ботун поради изведување градежни работи, сообраќајот е наизменично регулиран со семафори за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава