Меркел: САД имаат посебна одговорност спрема Ирак

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави денеска дека САД имаат „посебна одговорност“ спрема Ирак каде безбедносните сили се борат против исламски екстремисти.

Шефот на пратеничката група на германските демохристијани во Бундестагот, Фолкер Каудер изјави за германски медиуми дека САД треба да обезбедат стабилност во Ирак и оти Вашингтон би требало да разгледа можност да обнови воена интервенција.

Запрашана за коментар за таа изјава, Меркел одговори дека „посебна одговорност за САД не е само во тоа, и Обама прашањето го анализирал во изминатите денови“. Меркел не спомена за воена акција.

Би можело да ве интересира

Девојче од Србија до смрт ја избоде својата помала сестра во Лајпциг

Хорор во Германија, 13-годишно девојче ја уби својата седумгодишна сестра

А1он

Германија: Одобрено е ново оружје за Израел

Горан Наумовски

Експлозија во Германија: Голем број полицајци и експерти за експлозиви се на местото на настанот

Горан Наумовски

Германија: Спречен можен терористички напад во Берлин

Мицкоски: Имавме продуктивен состанок со германската Стопанска комора