Утре во 12 00 часот, на скверот кај Италијанската амбасада, општина Центар ќе го промовира проектот „Цел Центар на точак“, а на првите 15 жители на општината кои поднесоа барање за субвенционирање купување на нов точак градоначалникот Андреј Жерновски ќе им даде пригодни подароци.