ФОТО: Еврата и крстовите на Роман Уранјек од IRWIN во Скопје

Од:

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, утре, во 20 часот ќе се отвори изложба на Роман Уранјек со наслов „At Least One Cross A Day After 1.1.2002.“

Роман Уранјек е реномиран уметник кој живее и работи во Словенија, еден од основачите на светски познатиот уметнички колектив IRWIN, дел од култната групација Neue Slowenische Kunst (NSK).

uranjek (3)

Роман Уранјек почнувајќи од 1 јануари 2002 година (денот од кога еврото е платежно средство во Европската Унија), кога го изработува првиот крст интервенирајќи врз европската валута евро, започнува проект насловен „At Least One Cross A Day After 1.1.2002“ со што секојдневно изработува дело во кој го употребува крстот.

Создадените дела се конципирани во книги (Artists Book) и e проект разработен во неколку тематски целини.

uranjek (5)

Една од целините на сет на книги се фотографии на крст изработени секој ден, почнувајќи од денот 29.06.2008 година. Секоја книга е со околу 48 фотографии, што значи 48 дена и 48 фотографии каде е присутен симболот на крст. Книгата е фотодневник каде што е извршено фотографирање ден за ден на крст присутен во нашиот секојдневен живот.

Следниот сет на книги се состои од оригинални книги, во кои е интервенирано во опсегот од Романовите крстови. Тоа е комплексна целина. Овде е присутен оригиналниот уметников пристап на секоја страница од книгата.

uranjek (4)

Овие книги можат да се поделат на книги дневници за секоја година почнувајќи од 2005 година, па до 2013 година, каде Уранјек создава дело секојдневно кое е аплицирано во книгата со што изработува своевиден дневник на визуелни записи. Следниот циклус на книги се авторските дела на моменталната инспирација, интервенирајќи врз репродукции во книги за уметноста (монографии и книги за уметноста) како што се Лусијан Фројд, Пабло Пикасо, Гоја, Dadaism, Abstract expressionism, Il Futorismo, итн …

Секоја книга исто така, секогаш вклучува најмалку еден оригинален цртеж (At Least One Cross A Day After 1.1.2002).

uranjek (2)

На изложбата покрај оригиналните книги се изложени и принтови од графичката мапа изработена за оваа изложба. Како раритет на оваа изложба претставени се 3 принта, документарна фотографија на исцртани крстови во јавен простор од Роман Уранјек од неговата посета на Скопје во 2007 година

Куратор на изложбата е Горанчо Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска