Лавров: Русија и Србија ја потврдија неопходноста за реализација на проектот „Јужен поток“

Од:

Русија и Србија ги потврдија досега постигнатите договори во врска со гасоводот „Јужен поток“ и потребата проектот да биде реализиран, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој е во посета на Белград.

– Сите досега донесени одлуки остануваат во сила. Нема никакви промени во плановите, истакна Лавров на заедничката прес-конференција со првиот српски заменик-премиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Лавров додаде дека нема сомнение дека прекинот на проектот е привремен.

– „Јужен поток“ е единственото системско решение на проблемот со снабдувањето со гас на Југоисточна Европа, рече Лавров.

– Србија, која од почетокот на 2015 година ќе претседава со Организацијата за безбедност и соработка во Европа ќе вложи максимални напори за решавање на кризата во Украина, изјави од своја страна Дачиќ.

Тој нагласи дека ќе се инсистира прашањето да биде решено преку дијалог и тоа ќе биде најголемиот предизвик пред Србија во следната година.

– Русија е однесува со почит кон преговорите за приклучување на Србија кон ЕУ, изјави рускиот министер за надворешни работи.

Тој појасни дека овој став произлегува од тоа што не смее да се дозволи во Европа да се создаваат нови линии на разделување и од потребата да се активира идејата за единствен економски простор.

– Русија ги поддржува ставовите на Србија во врска со реализација на нејзините права и интереси на Косово, рече тој и додаде дека Москва го поддржува дијалогот, кој Србија го води со Приштина во Брисел.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот