Бразилската опозиција го определи сенаторот Аисио Невес за свој кандидат за претседателските избори, што ќе се одржат во Бразил на 5 октомври.
Тој е политичар кој е центристички определен и доаѓа од бразилската Социјал-демократска партија. Невес заговара воспоставување мерки за поттикнување на пазарот и на пазарниот механизам кои би требало да помогнат за намалување на инфлацијата и за поттикнување на развојот на земјата.
На октомвриските избори Невес ќе се обиде да ја победи актуелната претседателка Дилма Русеф која најави дека ќе се кандидира одново на изборите за втор претседателски мандат. Последните мерења на расположението на јавноста покажува дека поддршката за Русеф продолжува да опаѓа, но доколку сега би се одржале изборите таа би добила 40 отсто, додека Невес само 20 отсто од гласовите на Бразилците.
Аналитичарите во Рио де Женаиро, сепак, оценуваат дека социјалдемократот Нивес е досега најголема закана за Работничката партија која веќе три мандати ја има претседателската функција, по двата мандата на претходниот претседател Игнасио Лула да Силва и по мандатот на Русеф, која е негова поранешна блиска соработничка, на која Лула во младоста и бил политички ментор.
За разлика од левичарското движење на кое им припаѓаат актуелниот и поранешниот претседател, Невес има поинакво политичко и општетствено потекло. Неговиот дедо, Танкредо Невес во 1985 година беше избран во бразилскиот Конгрес (Парламентот) за првиот претседател на Бразил по падот на воената хунта која беше на власт 21 година, но тој умре неколку денови пред да стапи на функцијата.
Соопштението за кандидатурата на Аисио Невес за претседателските избори, доаѓа по инцидентот на свеченото отворање на Светското првенство во фудбал, кога на стадионот во Сао Пауло, претседателката Русев беше исвиркана и против неа беа извикувано навредливи и погрдни пароли. Навредливото скандирање таа го означи како „вербална агресија“ додека Невес тоа го објасни како оправдана реакција на јавноста на сегашната состојба во која се наоѓа Бразил.
– Русеф сега го жнее она што самата го посеа, изјави опозицискиот претседателски кандидат Аисио Невес.