Рускиот холдинг „Газпром“ утрово од 10 часот според московско време воведе авансно плаќање за испорака на гас за украински „Нафтогас“, соопштија од рускиот холдинг.
Одлуката е донесена според хронично неплаќање на украинскиот „Нафтогас“.
Во соопштението стои дека заостанатиот долг изнесува 4,458 милијарди долари и дека од денеска украинската компанија ќе добива руски гас само во рамките на она што веќе го платила.
Е. Г.