Општина Центар: Решение за уривање на Чичко Стоилко е донесено од претходниот состав

Од:

Од општина Центар со соопштение реагираат дека решението за уривање на сендвичарницата Чичко Стоилко е донесено од претходниот состав и општината има законнска обрска да постапи по него.

„Надлежните во општина Центар денеска постапија по решение донесено од претходното општинско раководство во 2011 година.

Отстранувањето на сендвичарниците Чичко Стоилко, Нино и уште два објекти е законска обврска на општината која постапува по донесеното решение, а на барање на ЕВН за поставување на нова барокна фасада на зградата.

Сопствениците претходно ги добија писмените решенија за отстранување на нивните времени објекти.

Најава за нивно отстранување имаше уште пред неколку години, поради уредување на просторот со околината која е главно во духот на проектот „Скопје 2014“.

Уште еднаш потенцираме дека ова е законска обврска на општината“, се вели во соопштението на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории