Почнува карван за седмото извлекување на „Фискална во рака – награда без мака“

Од:

Седмото извлекување од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ ќе се одржи на 30 јуни. Во ова коло ќе се извлекуваат добитници на стан, деловен простор, автомобил и 150 вредносни ваучери.

Учествуваат сите коверти испратени до 29 јуни и неизвлечените од второто, третото, четвртото, петтото и шестотото извлекување, кои се чуваат од страна на приредувачот Државна лотарија на Македонија.

Досега од наградната игра чиј приредувач е Државна лотарија на Македонија под покровителство на Министерство за финансии, се доделени еден стан, еден деловен простор, пет автомобили и 750 вредносни ваучери од 60.000 до 1.000 денари.

Во сите извлекувања до крајот на наградната игра, може да се учествува со коверти со по дваесет фискални сметки од најран датум 15 ноември 2013-та.

Во пресрет на седмото извлекување, Државна лотарија на Македонија од утре почнува карван во рамки на кој ќе бидат поставени пунктови со наменски кутии на повеќе локации во повеќе населени места.

Карванот ќе тргне утре од Куманово, а ќе заврши во Струга и Охрид на 29 јуни 2014 година.

Би можело да ве интересира

Познат скопски ресторан издава фискални сметки на руски јазик

Ана Ололовска

Најмалку фискални сметки се издаваат за извршени услуги

Ана Ололовска

Одложено воведувањето фискални со ГПРС за таксистите

Ана Ололовска

Утре истекува рокот за воведување фискални со ГПРС

Ана Ололовска

Последно извлекување за „Фискална во рака, награда без мака“

Ана Ололовска

Викенд забава „Купи куќа, добиј стан“

Ана Ололовска