Првата приватна хрватска нискобуџетна авиокомпанија „Dalmatian“, по долгогодишна подготовка, ќе започне со работа на 30 јуни.
Првично авионите на компанијата ќе го поврзуваат Загреб со 11 европски градови: Софија, Дизелдорф, Женева, Хамбург, Ларнака, Милано, Прага, Рим, Штутгард, Варшава и Цирих, а подоцна се планира да биде отворена линија и до Виена.
Билетите за некои од овие дестинации веќе се пуштени во продажба по цена од 29,99 евра во еден правец.
Долгорочните планови на компанијата предвидуваат и прекуокеански летови, кои не се вообичаени за нискобуџетните авиопревозници, како и вклучување на четири типа авиони „Ербас“ во својата флота.