Околу 20 повредени во судирите со полицијата во Рим

Од:

Околу 20 луѓе се повредени во судирите во понеделникот во центарот на главниот град на Италија, меѓу полицијата и работниците на металургиската компанија „Alcoa”, кои протестираа против одлуката да се затвори фабриката на Сардинија.

Како што јавија TMNews, меѓу повредените 14 се полицајци, од кои тројца се карабинери, десет се полицајци и еден припадник на Финансиската гарда на Италија,

Од страна на демонстрантите, чиј вкупен број бил повеќе од 550 работници, повредени се две лица.

Протестот на металурзите започна во понеделникот наутро, кога работниците на единствената компанија во Италија за производство на алуминиуми организирано пристигнаа во Рим со италијанскиот остров Сардинија.

Стотици луѓе со шлемовите на глава и синдикални знамиња пристигнаа пред министерството за економски развој на Италија, кој се наоѓа во центарот на Рим. Работниците на „Alcoa” побараа средба со министерот Корадо Пасера, лично од него да чујат за иднината на фабриката.

Кога демонстрантите сфатија дека никој нема да ги прими и дека во зградата според нивните информации е само заменикот на министерот, тие почнале да фрлаат петарди и да палат факели.

Судирот започнал кога полицијата се обидела да ги потисне разгневените работници.

Американската маталургиска компанија „Alcoa” е третиот по големина производител на алуминиум во светот. Во Италија таа работи со 1967 година.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски