Сечеле прсти поради гласање

Од:

Талибански бунтовници во западната авганистанска провинција Херат, исекле по еден прст на 11 Авганистанци, затоа тоа што излегле да гласаат во вториот круг од претседателските избори.

Мисијата на ОН го осуди инцидентот, истакнувајќи дека жртвите со гласање ги поразиле оние кои промовираат терор и насилство.

Независната изборна комисија соопшти дека првичните проценки покажуваат дека повеќе од седум милиони Авганистанци излегле да го дадат својот глас за новиот претседател.

Инаку и двајцата кандидати кои учествуваат во трката за наследник на Хамид Карзаи, поранешниот министер за надворешни работи Абдула Абдула и Ашраф Ганиј Ахмаџај, ветуваат дека ќе ги подобрат односите со Запад и борбата против корупција.

Во тек на првиот круг на 5-ти април, на кој учествуваа околу 58 проценти од 12 милиони официјално регистрирани избирачи, ниту еден од осумте кандидати не доби повеќе од 50 проценти од гласовите.

Абдула освои 44,9, додека Ахмаџај 31,5 проценти од гласовите. Вториот круг од претседателските избори, за кои се верува дека би требало да донесат поголема демократија не протекоа во мирна атмосфера, бидејќи во повеќе напади на екстремистите загинаа 46 лица.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски