СДСМ: Дрскост е фалсификуваната волја на граѓаните да ја наречат доверба

Од:

Колку Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не го почитуваат својот народ, покажува нивната дрскост фалсификуваната волја на граѓаните да ја наречат доверба, велат од СДСМ.

Последната победа на ВМРО-ДПМНЕ е триумф на притисоците, заканите, уцените врз граѓаните од страна на партизираните институции на системот.

Да сакал да научи нешто Никола Груевски, дури и од своите претходници во партијата, ако не од критичарите, Македонија сега ќе беше демократија а не хибриден режим, институциите и граѓаните ќе беа слободни а не заложници, земјата ќе напредуваше а немаше да тоне до ниво на невидена сиромаштија и финансиски колапс.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Груевски работи посветено само на своите милиони и оф шор фирми, врз грбот на два милиона граѓани.

Вистината е дека Никола Груевски не ја црпе силата од граѓаните, туку ја практикува врз нив.

За ваква Македонија сигурно не се бореле основачите на историското ВМРО.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

А1он

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски