А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Просечната оценка на осмоодделенците на екстерното тестирање е 3,67

by А1он15/06/2014 - 13:5016/06/2014 - 10:32157
Share0

Резултатите од екстерното тестирање на сите осмоодделенци се истакнуваат денеска по 12 часот во сите основни училишта, а за сите останати ученици ќе бидат истакнати во следните неколку денови.

Добивај вести на вибер

Врз основа на обработените тестови, просечната оценка на постигнувањето на осмоодделенците е 3,67. Во однос на минатата година, кога просекот изнесуваше 3,53, оваа година резултатите се повисоки за 0,14 процентни поени.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој рече дека јунската сесија од процесот на екстерното тестирање на учениците од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование завршила заклучно со 10 јуни и поради законската обврска за упис во средно училиште осмоодделенците имале предност при полагањето, како и при етапното објавување на резултатите.

– Секој ученик ќе може да ги погледне оценките кои ги добил по предметите по кои бил тестиран и најдоцна во рок од три работни денови, практично од понеделник до среда доколку смета дека е потребно, ќе има можност да поднесе приговор до училишната комисија која ќе го проследи до Државниот испитен центар во чија надлежност е носењето на конечната одлука, посочи Спировски.

Според добиените податоци од Државниот испитен центар, нагласи министерот, од вкупно 21.658 осмоодделенци од оваа учебна година кои треба да бидат екстерно тестирани, во јунската сесија по два предмети тестирани се вкупно 21.191 осмооделенец, 249 ученици се тестирани само по еден предмет, додека 218 ученици од генерацијата воопшто не се тестирани во оваа фаза.

– Одделно по училишта, земајќи го предвид бројот на осмоодделенците во секое од нив, најдобри резултати односно просек од 4,95 постигнаа полуматурантите од ОУ „Гоце Делчев“ во Скопје, општина Центар, додека најслаби резултати постигнаа полуматурантите од ОУ „Страшо Пинџур“ во општина Карбинци со просечно постигање од 2,52, рече Ристовски.

Уписите во сите средни училишта, потенцира министерот, почнуваат на 23 и 24 јуни со исклучок на паралелките во Спортската академија каде првиот уписен рок е на 19 и 20 јуни.

– Учениците кои од оправдани причини не полагале еден од предметите или пак, воопшто не биле тестирани, тоа ќе можат да го направат во августовската испитна сесија за што дополнително ќе бидат информирани за термините и предметите по кои се проверуваат нивните постигнувања. Потоа, по подигнувањето сведителства ќе можат да конкурираат за упис во средно училиште на 21 август, односно во вториот уписен рок, истакна Ристовски.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека очекувал поголемо зголемување на просечната оценка на постигнувањето на осмоодделенците со оглед на фактот, што, како што посочи, речиси 30 дена испитните прашања биле достапни за сите ученици.

– Имаа доволен период во кој можеа да се подготват, три дена пред полагањето за разлика од минатото екстерно оценување ги знаеја и конкретните два предмети по кои ќе полагаат. Генерално сум задоволен од процесот, но сметам дека имаме уште многу да работиме вкупно на квалитетот на образовниот процес во Република Македонија за да го подигнеме нивото и квалитетот. Екстерното тестирање е само еден од сегментите кои треба да придонесат во зголемувањето на квалитетот на образовниот систем. Има уште многу делови во кои треба да се работи и натаму, додаде Ристовски.

eksterno

Би можело да ве интересира

СДСМ: Екстерното тестирање беше една од најголемите антиреформи

Наум Локоски09/06/2017 - 17:47

МОФ: Екстерното тестирање постигна само оштетени ученици и професори и залудно потрешени пари

Наум Локоски02/06/2017 - 14:1202/06/2017 - 16:38

МОН: Укинувањето на екстерното тестирање објавено и во Службен весник

Наум Локоски02/06/2017 - 10:5802/06/2017 - 11:05

ВИДЕО: Укинато екстерното тестирање

Наум Локоски01/06/2017 - 18:0501/06/2017 - 19:27

Законите за укинување на екстерното и локалните избори во скратена постапка во македонското Собрание

Наум Локоски01/06/2017 - 15:2801/06/2017 - 16:28

(ВИДЕО) Дескоска: Утре се укинува екстерното тестирање

Ана Ололовска31/05/2017 - 12:0131/05/2017 - 12:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен