Јагодина излезе на море во Грција

Од:

Јагодина стана сопственик на два хектари земја на грчкиот брег. Во местото Керамоти преку пат на Тасос на самиот брег ќе биде изграден туристички комплекс кој во најголем дел ќе го го користат ученици и студенти од Јагодина.

Претсeдателот на грчката општина Савас Михалидис на колегата од Јагодина Драган Марковиќ-Палма во местото керамоти му ги предаде двата хектари земја на морскиот брег.

„Овде сум официјално да ви предадам дел од плацот кој се простира на два хектари земја, тоа е поклон на Хрисопули на Јагодина за изградба на туристички комплекс. Оваа земја сега е ваша“, изјави Михалидис.

На подарената земја, Марковиќ-Палма постави знаме на Србија , а Михалидис го постави знамето на Јагодина.

„Ова е голем ден за Србија и за Јагодина, бидејќи со ова Србија официјално излезе на море“, рече Палма.
Јагодина на Хрисопули во 2008. година му поклони еден хектар земјиште во индистриската зона на „коридорот 10“ за изградба на трговски објекти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски