Блер: Воената интервенција од 2003 година не е виновна за сегашната криза во Ирак

Од:

Поранешниот британски премиер Тони Блер изјави дека воената интервенција во 2003 година не треба да се обвинува за сегашната побуна на сунитските исламисти во Ирак.

Во интервју за ББЦ,Блер смета дека Ирак ќе ги имаше истите проблеми кои сега се основата на судирањата,дури и поранешниот дикатор Садам Хусеин да останеше на власт.

– Дури и да останеше на власт Хусеин,кога се случи 2011 година и т.н. арапска пролет од Тунис,преку Либија,Јемен и Бахреин,до Египет и Сирија,ќе останеше проблемот со Ирак, вели Блер. Според поранешниот британски премиер, што сега се случува во земјата е регионално прашање,но кое сите нас не погодува и кое за Блер е последица на неуспехот на западните политички лидери да ја разрешат сириската ситуација.

– Проблемите во регионот не исчезнуваат кога ќе оставите на власт еден диктатор,каков што е Башар ал Асад, смета Тони Блер.

Тој вели дека може одново да се отвори дебатата за 2003 и за тоа требаше или не, интервенцијата од пред 11 години, со која се тргна од власт Хусеин,но дека светот е во 2014 година,а сегашните состојби само укажуваат оти денешните случувања во Ирак не се внатрешни туку регионален проблем кој може сите нас да не погоди.

Критичарите на ирачката војна во Велика Британија кои продолжуваат да се пресметуваат со Блер околу американско-британската интревенција во март 2003 година,го обвинуваат поранешниот премиер дека „ги мие рацете“ од она што сега се случува.

Неговите критичари,сепак,не сакаат да кажат дали тоа значи дека во Ирак требаше да се остави на власт еден диктатор каков што беше Хусеин кои се пресметуваше со локалните шиити,за да ја одржи доминацијата на малцинските сунити.Во исто време, критичарите на интервенцијата од 2003 година, силно го бранат соборувањето на диктатори,како Муамер Гадафи, или на автократи властодржци,како Хосни Мубарак,оправдувајќи го тоа со „попречување на демократијата„ и задушувањето на човековите слободи.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство