Грција воведува фиксни цени на храна и пијалaци на плажите

Од:

На плажите во Грција од денеска се продаваат сендвичи, минерална вода и кафе по фиксни цени кои би требало да се пониски за 30 проценти од досегашните, јавуваат локалните медиуми.

Казните за непочитување на овие правила се толку високи што сопствениците се принудени да ги променат цените.

Како што јави дописникот на МИА од Атина за продажба на стоки по повисоки цени е предвидена казна од 500 евра, додека за неиздавање на сметка казната изнесува 1.000 евра. Казните ќе бидат двапати повисоки ако прекршокот се повтори. Мерката е воведена откако туристи масовно се жалеле дека цените во рестораните на плажите се нелогично високи.

Тимови од Министерството за труд и од Министерството за финансии почнаа да ги проверуваат сите туристички региони на Грција. Во разни установи и хотели се вршат проверки дали вработените кои се сезонски работници имаат потпишано договор и дали се осигурани.

Ако бидат регистрирани прекршоци, работодавците ќе платат казни од 10 илјади евра, а кај драстични случаи ќе биде одземена и дозволата за работа.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит