Пијани тетовци дивееле и повредиле полицајци

Од:

Пијани тетовци дивееле, пукале со пиштоли и го демолирале угостителски објект „Амнезија“.

Повеќе лица биле повредени, едно лице задобило рани од удар со нож, а биле испукани и неколку куршуми од пиштол. Била нападната и полициската патрола која долшла да интервенира. Биле повредени двајца полицајци кои вршеле службени дејствија.

Според тетовската полиција, инцидентот го предизвикале 5 лица: Џ.Д (44), А.Д (19 ), Д.Д (22), Р.Ш. (34) и Б.К (35) кои околу 23 часот дошле во кафулето “Амнезија“ веќе во видно алкохолизирана состојба.

Тие во кафулето продолжиле да консумираат алкохол, а кога по половина час станале со намера да си заминат, еден од нив се судрил со гостин, по што Џ.Д. го фатил за маица и го удрил со тупаница по глава.

Извршен бил увид на местото на настанот, подигнат бил еден неиспукан куршум, траги од крв и слично, кои биле однесени на вештачење. Во Клиничкиот Центар Тетово за понатамошно лекување задржани се двајцата полициски службеници, како и некои од вмешаните.

Од страна на СВР Тетово приведени се двајца од нив и се преземаат мерки за пронаоѓање на останатите учесници и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип