Поглаварот на Римокатоличката црква, папа Франсис оцени дека може да се разбере распадот на Југославија, бидејќи станува збор за различни култури и дека тие „без лепило“ не можеле да опстојат заедно.
-Распадот на поранешна Југославија е оправдан, бидејќи тоа беше место со многу различни култури, кои не може да се задржат заедно „без лепило“- рече папата.
Тој во интервју за весникот„ Вангвардиј“, од Барселона ја изрази својата загриженост поради сецесионистичките иницијативи во Шкотска, Каталонија и италијанската област Паданиа. -Случајот со Југославија беше сосема јасен, но се прашувам дали тоа е јасно и во другите случаи. Мора да се проверат случај по случај-додаде тој. Е. Г.