Премиер на Финска поднесе оставка

Од:

Финскиот премиер Јурки Катаинен денеска на конгресот на Коалициската партија во градот Лахти, изјави дека ја напушта лидерската функција во партијата и поднесува оставка како премиер.

Катаинен 10 години е на чело на Националната коалиција, а од 2011 година е премиер. Претходно тој истакна дека не планира да ја напушти „големата политика“. Катаинен е подготвен да стане член на Европската комисија, чиј нов состав ќе почне со работа од 1 ноември.

Конгресот продолжува утре, каде треба да се одбере нов претседател на партијата, кој ќе биде и идниот премиер. Анкетите покажуваат дека главен фаворит е министерот за европски прашања и надворешна трговија Александар Стуб.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Пресврт по победата на Трамп: Финска реши да ја отвори границата со Русија

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски