Заев се стретна со Бенедето Дела Ведова и Ернесто Масимино

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев и генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски денеска остварија средба со заменик министерот за надворешни работи на Италија, Бенедето Дела Ведова и италијанскиот амбасадор во Македонија, Ернесто Масимино.

На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација во Македонија, за изборните нерегуларности и проблемите со избирачкиот список, како и за предлозите на СДСМ за надминување на политичката криза.

Претседателот Заев посочи дека Македонија се соочува со режимска власт, необјективни медиуми, преклопување на државата со институциите, инструментализизирано судство.

Zaev, sredba

Неправилностите на изборите и заканите и притисоците, нотирани и во Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, спречија слободен израз на волјата на граѓаните, поради што СДСМ го напушти Парламентот.

За да се реши оваа политичка ситуација бараме формирање техничка влада којашто ќе создаде услови за фер и демократски избори и за функционални институции. На тој начин институциите ќе можат и непристрасно да се справуваат со криминалното и корупцијата во земјата, посебно кога тој доаѓа од врвот на власта, рече претседателот Заев.

Заменик министерот Дела Ведова посочи дека во агендата на Италија, како земја којашто од 1-ви јули годинава ќе го превземе претседавањето со ЕУ е напредување на Балканот. Во таа насока препорачуваат надминување на кризата и решавање на отворените прашања со цел стабилност и напредок на земјата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот