Бруто домашниот производ во првиот квартал од годинава бележи раст од 3,9 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Раст е забележан во повеќе сектори. Во градежништвото има пораст од 13,7 осто, во финансиско посредување, активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности, други комунални, општи и лични услужни активности од 4,7 отсто и Е-Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата од 3,3 отсто.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2014 година, номинално расте за 2,3 проценти, а нејзиното учество во струкурата на бруто-домашниот производ изнесува 81,4 проценти.
Во овој период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 14,3 проценти, а увозот на стоки и на услуги забележал зголемување во номинален износ од 9,8 проценти.