Бугарскиот Парламент денеска и изгласа доверба на коалициската Влада на левииот центар на бугарскиот премиер Пламен Орешарски.
Но, и покрај добиената доверба Владата во следните денови ќе поднесе оставла бидејќи двете партии во владејачката коалиција се согласија да организираат предвремени избори по лошите резултати на владејачките социјалисти на европските избори.
„За“ Владата гласаа 114 пратеници, 109 се изјаснија „против“, а еден беше воздржан.
Тоа беше петтипат да се гласа за доверба на Владата, која пред една година доби четиригодишен мандат.
Опозицијата бараше да и се изгласа недоверба поради владината фискална политика.