Емоционален развој на детето во првите две години

Од:

Емоционалниот развој во првите две годни се од посебна важност. Со целосно право се зборува дека првите неколку години се најважни за детето. Најчесто проучувани детски емоции во првите две години се агресијата, бесот, плачењето, смеењето, стравот и анксиозноста.

Плачење

Мало дете плаче со целосниот телесен израз, најчесто како резулат на глад и други внатрешни непријатности. Родителите секогаш треба да обрнат внимание на детското плачење.

Смеење

Насмевката и смеењето рано се појавуваат како емоција кај детето. Смеењето обично е предизвикано од звукот на човечкиот глас и затоа е знак за поврзаност. Смеење може да биде предизвикано и од светлечки предмети во движење.

Стравот и анксиозноста

Се поставува прашањето дали стравот е научен или вроден. На пример, стравот од паѓање, најверојатно е вроден, додека стравот од темнина е научен. Како што расте детето, околината се проширува и се јавуваат нови несигурности, можности за опасност. Тоа што претходно предизвикувало страв со созревањето се надминува.

Аксиозноста своојот зачеток го има во раната возраст. Тоа е состојба на внатрешните чуства кои настануваа како реакција на субјективни опасности, а не објективни. Анксиозноста може да се појави и поради барањето на возрасните, на пример, да ги совлада хигиенските навики.

Бес и агресивност

Во првите две години има многу барање за детето, па бесот е вообичаена појава. Често бесот е насочен кон строгите барање во јадењето, одењето на спиење, прекинувањето на играта, усвојување на хигиенските навики.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска