Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ќе се сретне со актерот и режисер Раде Шербеџија, чиј филм „Ослободување на Скопје“ ќе се снима на повеќе локации во Македонија.
Проектот „Ослободување на Скопје“ е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, во копродукција со Хрватска (Lijeni Film).
Продуцент на филмот од Македонија е продуцентската куќа Партизанс Дооел.