Четврта ликовна колонија „Љубанци 2014“

Од:

Околу 20 уметници од Македонија и од странство од денеска ќе учествуваат на четвртата ликовна колонија „Љубанци 2014“.

Од Македонија ќе учествуваат ликовните уметници Данчо Ордев, Илија Богоевски, Драги Најденовски, Владимир Лазоски, Билјана Цветкоска, Џејљан Реџепи, Орце Гогов… Првпат ќе учествуваат и авторите од Србија и од Бугарија, Владан Ранѓеловиќ и Сава Савов.

За една недела, колку што ќе работи колонијата, ќе бидат создадени околу триесет уметнички слики, главно со мотиви од старата архитектура на Љубанци и убавините на Скопска Црна Гора. И годинава, неколку уметници ќе работат скулптури во дрво.

На 18 јуни ќе се одржи детскиот ликовен ден, кога 20-тина најталентирани ученици од основните училишта во општина Бутел ќе се дружат и ќе творат заедно со познатите творци и ликовни педагози.

Организатори на колонијата се општина Бутел и Здружението на ликовни педагози на Град Скопје. Средствата се обезбедени од буџетот на општина Бутел.

Ликовната колонија ќе работи до 20 јуни.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска