Граѓанското здружение за промоција и поддршка на културата Континео 2020 во соработка со партнерската организација YLDA (Young People for Local Development Association) од Торино, Италија го најавува отворањето на првиот саем за современа уметност – Паратисима Скопје којшто ќе се оддржи од 13 до 15 јуни, во просториите на Младинскиот културен центар.
Официјалното отворање на настанот започнува во петок, 13 јуни од 19:00 часот.
На првото издание на Паратисима Скопје ќе учествуваат околу деведесет уметници. Во стилот на Паратисима, програмата не предвидува само уметнички поставки, туку и: музички концерти (настапи на музичари од Италија и Македонија), дизајн и накит, проекции, работилници, презентации, уметнички перформанси и други содржини.
На Паратисима Скопје ќе се претстават автори од повеќе земји меѓу кои се и Италија, Франција, Грција и Црна Гора.
По отворањето, изложбената поставка ќе биде отворена за јавност од 10:00 до 22:00 часот во сабота и недела.
Паратисима дава можност на сите автори да бидат прикажани без претходна селекција, но на затворањето на настанот, во недела од 21:30 часот, ќе бидат објавени селектираните 10тина автори коишто ќе имаат можност да ги прикажат своите дела на Паратисима во Торино, ноември 2014 година.
Паратисима Скопје е реализирана со финансиска поддршка од Стопанска комора Торино и институционална поддршка од Младинскиот Културен Центар, Град Торино и Град Скопје.
Паратисима Скопје е прв саем на современа уметност кој ќе се одржи од 13-15 јуни, 2014 во Младинскиот културен центар, Скопје. Иницијативата потекнува од Торино, Италија каде што оваа година го прославува своето 10-то издание.
Целта на Паратисима е да ја поддржи креативноста во сите нејзини формати, овозможувајки квалификуван простор за учество на уметници, креативци, фотографи, сликари, писатели, режисери, стилисти, емергентни и афирмирани уметници кои сакаат да експериментираат во динамична средина и пред широка публика.
Паратисима не наплаќа билет за посета. За учество во фестивалот не постои пред-селекција, но на крајот на настанот бидат селектирани 10тина автори коишто ќе имаат можност да ги прикажат своите дела на Паратисима во Торино, ноември 2014 година.
Паратисима Скопје е реализирана со финансиска поддршка од торинската Стопанска комора и институционална поддршка од Младинскиот културен центар, Град Торино и Град Скопје.