ВИДЕО: Публиката плаче на новиот перформанс на Марина Абрамовиќ

Од:

Светската уметничка ѕвезда, Марина Абрамовиќ, своето најново дело го претстави во галеријата „Serpentine“ во Лондон, со наслов „512 часови“, а на отворањето на изложбата, перформансот предизвика солзи кај посетителите.

Перформансот се одвива во сосема празен простор на галеријата, а кога посетителите ќе влезат, авторката ги води низ просторот, охрабрувајќи ги да се фокусираат на празните бели ѕидови. На некои тивко им шепнува: „Само биди присутен“ или „Почувствувај ја тишината“.

На изложбата забрането е да се внесат камери, фотоапарати, мобилни телефони, Со уметницата во Лондонската галерија публиката дневно може да поминува од 3 минути до 3 часа. Оттаму и насловот „512 часови“, бидејќи толку време, Абрамовиќ планира да помине со публиката.

Во трите празни простории таа ги води посетителите на одредени точки и неретко се случува тие да заплачат.

Абрамовиќ во галеријата, според најавите ќе престојува до 25 август и во тие 64 дена, по осум часови дневно ќе биде во улога на нејзина домаќинка, ќе ја отвора вратата во 10 часот наутро, а ќе ја заклучува во 18 часот. Абрамовиќ престојува во празен простор, без никакви предмети, а важен дел од проектот е што заедно со неа во галеријата престојува и публиката, чиј број во исто време може да достигне и до 160 луѓе. За да и’ се придружат на уметницата, тие мораат да поминат низ „соба за декомпресија на 21 век“, каде треба да ги остават сите предмети што и’ припаѓаат на сегашноста: камери, фотоапарати, таблети, паметни телефони и дигитални часовници, а дури потоа да останат со неа во период од 3 минути до 3 часа. Влезот во галеријата е бесплатен, а на Марина Абрамовиќ за реализација на овој перформанс и’ помага група на асистенти „чувари“, „студенти по уметност, кои и самите претходно поминале интензивен тренинг.

„Соголената природа на перформансот се надоврзува на односот на уметноста и ништожноста, на идејата за отсуство на материјалното во уметничката практика“, стои во информациите за перформансот на веб-страницата на Лондонската галерија.

Марина Абрамовиќ во оваа пригода е наречена пионерка на перформансот како уметничка форма во кој го користи телото како субјект и објект и ги поместува своите ментални и физички граници.

Перформансот првично беше наречен „Ништо, Апсолутно ништо“.

„Не постои никаква подготовка за него. Тоа сум едноставно јас. А публиката е мојот жив и обликувачки материјал. Тоа ќе биде најрадикалното и најчистото нешто што сум го направила. Но се плашам од англиската публика – нејзиниот цинизам може да спречи да се воспостави “чиста емоционална врска“, изјави Абрамовиќ за Би Би Си.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска