Курдите ја презедоа целосната контрола врз ирачкиот град Киркук

Од:

Ирачките Курди ја презедоа контролата врз градот Киркук, во североисточен Ирак,откако припадниците на ирачкат армија, побегнаа пред офанзивата на припадниците на ислаистичката група Исламска држава на Ирак и Левант.

– Целиот Киркук сега е во рацете на пешмергата. Сега нема ирачка армија во Киркук, изјави портпаролот на локалните Курди, Џабар Јавар.

Курдските борци се сметаат дека се како „бедем и заштита“ пред силниот налет на сунитските, исламистчки милитанти. Тие од понеделникот, кога започна нивната офанзива, па до сега, веќе ги имаат под контрола Мосул, вториот град по големина во Ирак и Тикрит, познат како родното место на поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин, а се закануваат дека наскоро ќе влезат и во Багдад.

Падот на Мосил и неспособноста на ирачката армија и на безбеднсните сили да се справата со исламистичката офанзива, предизвика шок на Блискиот Исток и бран од вчудоневиденост во целиот регион.

Ирачаните масовно бегаат од градовите и местата што ги освоија исламистите, барајќи спас и безбедност во делови од ирачки Курдистан.

Владата во Багдад, како и армиските сили никако не успеваат да се справат со офанзивата на групата која војува во Сирија за да го собори од власт претесдетлот Башар ал Асад и од земјата да создаде исламистичка држава, а сега настојува тоа да го направи и во Ирак,во намерата да ја соборат владата која ја има поддршката од Западот.

Американските медиуми ги обвинуваат Вашингтон и Лондон за „неодговорност“ и за незаинтересираност за случувањата во Ирак, посебно во реонот на Мосул иако од порано знаат дека станува збор за силно упориште на исламистичките групи кои од таму се префрлаат во Сирија и се враќаат назад.

Западните медиуми сега јавуваат дека Владата на премиерот Нури ал Малики од порано барала американска воена помош,за да се запрат исламистите кои се дел од мрежата на Ал каеда, како и интервенција на американското воено воздухопловство, за да ги бомбардираат позицииите на Исламска држава Ирака и Левант.

Курдските сили во меѓувреме забрзано се мобилизираат за да се пресметаат со исламистите.

Премиерот Ал Малики на полетокот на оваа недела најави заеднички операции на безбедносните сили и на курските борци против милитантните исламисти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски