Мирисот на новороденчето како дрога

Од:

Карактеристичниот мирис на штотуку роденото бебе во мозокот на возрасните буди силно чувство на задоволство, слично на тоа кај зависниците од дрога. Мирисот исчезнува шест недели по раѓањето.

Авторите на студијата, објавена во швајцарсото списание „Граници во психологијата“ тврдат дека мирисот на новороденчето е толку силен, што е во состојба во мозокот на возрасната личност да разбуди силно чувство на задоволсто, сосема налик на она, кое се јавува кај зависниците од психоактивни супстанци.

Меѓутоа, тој карактеристичен мирис на штотуку роденото бебе исчезнува шест недели по раѓањето. Иако точниот молекуларен состав на овој мирис се уште не е познат, научниците претпоставуваат дека во него меѓу останатото се наоѓаат молекули на плодова вода, како и молекули на белузлава супстанца, која ја штити кожата на фетусот за време на бременоста.

И покрај фактот дека бабиците детално го бањаат бебето веднаш по раѓањето, трагите од оваа молекула се задржуваат уште шест недели на нејзината кожа, а особено на косата. Нивниот мирис силно дејствува врз возрасните лица и во нив буди чувство на неизмерна среќа и задоволство.

Тоа го потврдија резултатите од експериментот во кој учествуваа 30 жени. Од нив е побарано да го помирисаат мирисот издвоен од бенкицата на штотуку родено бебе, а прецизни апарати, на кои биле вклучени во моментот, без исклучок забележале интензивирање на акивностите на оние делови од мозокот, кои се задолжени за создавање на чувството на задоволство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска