Македонски танчери на Фестивал на модерни танци во Софија

Од:

Со „Роболеро“ во авторство и кореографија на Искра Шутарова синоќа во Софија заврши првата вечер на 9. Фестивал на модерни танци во организација на фондацијата „Етуд“.

Покрај „Роболеро“ беше изведена и кореографијата „Одраз“. Во изведбата на двете дела учествуваа Викторија Илиоска, Бистра Делиниколова и Елена Ристеска во придружба на Валентин Димановски на гитара.

На фестивалот учествуваа и пет други кореографии од познати бугарски автори.

Македонските танчери првпат учествуваа на оваа балетска манифестација. Проектот е прв од овој вид во Програмата на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија и е подржан од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

На Денот на шегата и маските уште две претстави на „Петар Пан“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Жизел“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на оперската претстава „Боеми“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на балетската претстава „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус

Ана Ололовска

Националната опера и балет со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон” во Пловдив

Ана Ололовска