Во Скопје 12 сообраќајки за 24 часа, пајакот дигнал 62 возила

Од:

Сообраќајната полиција на подрачјето на Град Скопје во текот на изминатите 24 часа извршила увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и пет со последица телесна повреда со која се здобиле четворица возачи на патнички моторни возила, четворица сопатници и еден велосипедист.

Се случиле уште две незгоди со тешки телесни повреди. Првата се случила во 18 часот и 30 минути на ул. „Црниче“ во која учествувале патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и мопед со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје. Со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот.

Втората незгода се случила во 18 часот и 50 минути на ул. „Цветан Димов“ помеѓу патничко моторно возило „даеву експеро“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и мотоцикл марка „арора“ исто така со скопски регистарски таблички. Со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 30 возачи кои брзо возеле. Од нив, 25 возачи со возилата се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, седум возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 11 возачи кои ги управувале своите возила без возачка дозвола и седум возачи кои не го користеле сигурносниот појас или, пак го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 62 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција во сообраќајот денеска во рамки на своите превентивни активности ќе реализира сообраќајна поука во просториите на Полициската станица од општа надлежност Кисела Вода со почеток во 19 часот на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот во својство на возач на велосипед со помошен мотор, мопед и мотоцикл кои направиле прекршок по разни основи.

Исто така, Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај денеска ќе реализира и едукативни работилници во детската градинка „Срничка“, објектите „Калинка“ и „Црвенкапа“ „Изворче“, кои се наоѓаат на подрачјето на општина Аеродром.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Прилепчанец е повреден во сообраќајка близу Драчево

Жена од Скопје со „спарк“ излетала од пат во Кратово, со тешки повреди завршила во болница

На автопатот Тетово-Скопје загина 24-годишен возач од Свети Николе

Момче и девојка повредени во сообраќајка на автопатот Велес-Градско

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид

Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка во Демир Хисар